22 септември 2022

Приведено лице од Скопје, осомничено за сторени повеќе дрски кражби

На 21.09.2022 во 16.50 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски Службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(41) од Скопје. Тој се сомничи дека на подрачје на ЕВР Центар и Бит Пазар сторил повеќе кривични дела „дрска кражба“.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.