20 септември 2022

Превентивна активност на СВР Скопје и РСБСП - „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со РСБСП, a во врска со кампањата што се реализира под мотото – „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, денеска (20.09.) продолжија активностите со превентивна едукација на првачињата од основните училишта на подрачје на СВР Скопје - Полициско одделение Сарај.

Така, во централно основно училиште „Сами Фрашери“ – село Глумово се одржа средба со наставниците и основците на која што полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје презентираа низа корисни информации од областа на безбедноста во сообраќајот, особено важни за децата. Инаку, целта на овие превентивни активности е децата уште од најрана возраст да се стекнат со знаења за основните сообраќајни правила и прописи, особено во делот на пешаците и велосипедите, а во насока на совесно и одговорно почитување на сообраќајните правила и прописи со што ќе се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот на најмалите учесници. На учениците им беше поделен едукативен материјал изготвен од страна на РСБСП.