05 септември 2022

Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица


На 04.09.2022 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија. При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.