Денеска (26.08.2022), од страна на Отсекот за превенција на СВР Штип и полициски службеници од Полициската станица Штип беше спроведена превентивна активност на градскиот пазар во Штип под мотото „Слави со срце, не со оружје”.
Притоа, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина со цел подигање на свеста за славење без оружје и пиротехнечки средства.