Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и Полициското одделение Петровец, како дел од оперативниот план „Безбедно лето 2022“, денеска (19.08.2022) беше реализирана превентивна активност – „Вози одморен“.
Активностите се реализираа на подрачјето на Полициското одделение Петровец-наплатна рампа Петровец и беа остварени средби со возачи на кои беше апелирано да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и да прават паузи при долго возење бидејќи заморот е еден од главните причини за сообраќајни несреќи. На возачите им беше поделен и соодветен материјал со едукативна содржина.