Денеска (11.08.2022) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот Крушево заедно со Отсекот за превенција при СВР Битола и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во рамките на кампањата "Вози одморен" во Крушево спроведоа превентивна акција со цел подигање на свеста кај возачите односно зголемување на сообраќајната култура. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина со порака до возачите на моторни возила, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, почесто да прават паузи за одмор и да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и наспани, затоа што сообраќајните незгоди кои се последица на заморот најчесто завршуваат фатално.