10 август 2022

Приведено лице од Битола за неовластено производство на дрога, поднесена кривична пријава

На 09.08.2022 СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против С.Ш.(24) од Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот во период од четири месеци во текот на 2022, откако од САД неовластено набавил семе од канабис сатива, добиениот расад го засадил на ридски терен на м.в. „Брусничка населба“ и преземал активности за негово одгледување.

На 08.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, пријавениот е затекнат на местото на засадените насади и лишен е од слобода, при што одземени му се предмети поврзани со кривичното дело. Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Битола.