10 август 2022

Приведен криминалец од Куманово осуден на осумгодишна затворска казна

На 09.08.2022 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.С.(34) од Куманово. Тој бил осуден на 8 години затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 5 години казна затвор. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Прилеп. за доиздржување на казната.