06 август 2022

Приведени криминалци барани со потерница од грчката полиција


На 05.08.2022, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север ги пронашле и привеле A.Х.(20), Х.A.(22), И.A.(40) и M.T.(18), сите од Пакистан. Тие биле барани по потерница од полицијата на Република Грција поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Во 22.00 часот лицата биле предадени на полициски службеници од граничниот премин Евзони.