05 август 2022

17 санкции за непрописно престигнување на територија на СВР Битола

Денеска (05.08.2022) во периодот од 15.00 до 20.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 17 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.