05 август 2022

Приведен крадец во Куманово за доиздржување затворска казна

На 04.08.2022 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(29) од Куманово. Тој бил осуден на казна затвор од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, а се барал со судска наредба за доиздржување казна затвор од 9 месеци и 26 дена.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К'шање за доиздржување на казната.