05 август 2022

Сообраќајна поука на сообраќајната полиција на СВР Битола во рамки на „Безбедно лето"

На 04.08.2022, Полициската станица за безбедност на сообраќајот во СВР Битола спроведе сообраќајна поука за возачите кои непрописно ги паркирале возилата во претходниот период. На поканата за сообраќајна поука имаше одзив од голем број на возачи и таа се состоеше од презентирање на правилата и прописите од „Законот за безбедност во патниот сообраќај“ кој ја регулира оваа материја, најчестите причини за случување сообраќајни незгоди со потешки последици, опасностите од непочитување на правилата и статистиката за случени сообраќајни незгоди на подрачјето на Битола. Во текот на поуката беа прикажани повеќе примери со препораки за зголемување на безбедноста во патниот сообраќај.