Денеска (07.07.2022) СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка за кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик против Е.Ј.(40) од Скопје.
По преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, тој беше лишен од слобода вчеравечер (06.07.2022) во 20.10 часот, бидејќи околу 19.40 часот, во текот на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, за време на инцидент на плоштадот Скендербег на бул.„Гоце Делчев“, извадил пиштол “Walter P99”, кој го поседувал со дозвола и испукал во воздух.
Предметниот пиштол му е одземен и вештачен, обезбедени се сите докази против него, за што во соработка со ОЈО Скопје лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка.