Денеска (07.07.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни деликти при СВР Скопје во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје, кој беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот Скендербег држел пиштол во раката, но не го употребил.
Пиштолот ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.