05 јули 2022
Безбедно лето: Превентивна активност на СВР Битола
Денеска во времето од 10-14 часот на подрачјето на СВР Битола полициски службеници од СВР Битола во рамките на проектот на МВР - "Безбедно лето" спроведија акциска контрола по "Законот за јавна чистота" каде ги опфатија околните места на градовите, градските пазари и дивите депонии. Во рамките на акцијата беа вклучени и комуналните инспекции од Општините каде на граѓаните им беше укажано за јавната чистота. Во рамките на контролата превземени се 4 мерки за предупредување на лица во Крушево, Демир Хисар и Ропотово по 3 предупредени лица и една казна по законот за јавна чистота.
Во Ресен 1 предупредено лице и 2 казни.
Во Македонски Брод 2 предупредени лица и во Битола 6 предупредени.
Свр Битола продолжува и понатаму со засилени акциски контроли во рамките на проектот Безбедно лето.