28 јуни 2022

Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе

 

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност- Скопје, проф. д-р Никола Дујовски беа во посета на кампот за обука на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе, каде што студентите од Факултетот за безбедност се на практична настава – логорување. Министерот Спасовски имаше можност одблиску да ги проследи практичните сценарија реализирани од страна на студентите кои се однесуваат на: начини, формации и тактики на движење при совладување на отворен и пошумен простор, тактики на движење во затворени објекти, заседа и блокада, гаѓање со вежбовен школски пиштол и вежбовна автоматска пушка – AIRSOFT опрема.

Министерот Спасовски и деканот Дујовски се дружеа со студентите, а министерот ги охрабри уште попосветено да ги совладуваат теоретските и практичните цели на обуката, затоа што безбедносниот систем има потреба од врвно едуцирани и подготвени млади луѓе кои ќе се вклучат во реализацијата на безбедносните практики во државата.