27 јуни 2022

Државната секретарка Несторовска во посета на семејствата на загинатите бранители


Денеска, државната секретарка м-р Магдалена Несторовска ги посети семејствата на загинатите бранители кои во одморалиштето на МВР во Охрид, традиционално го минуваат летниот одмор. Покрај во Охрид, дел од семејствата на загинатите бранители летниот одмор го минуваат во објектите на МВР во Крани и во Пониква.
За време на посетата, се одржа средба на која се разгледаа актуелните прашања поврзани со правата, положбата и проблемите на членовите на семејствата на бранителите.

Во име на Министерството за внатрешни работи, државната секретарка Несторовска изрази почит до членовите на семејствата на загинатите бранители, потенцирајќи дека нивната храброст и херојски дела никогаш нема да бидат заборавени и дека она со што нашите херои не задолжија се враќа само со хумани, професионални, благородни дела, со се она добро, чисто и честито заради што тие и ги положија своите животи.

Присутните на средбата се согласија дека во текот на годините, Министерството за внатрешни работи обезбедува континуирана поддршка и максимална помош на семејствата на припадниците на безбедносните сили, во рамки на законските решенија и можностите на министерството