Денеска 23.06.2022, во периодот од 12 до 18 часот, полициски службеници на СВР Велес спроведоа акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 47 прекршоци (27-Велес, 13-Кавадарци, 7-Неготино). Најголемиот број од прекршоците (33) се однесувале на некористење на заштитна кацига.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.