23 јуни 2022

67 санкционирани мотоциклисти на територија на СВР Тетово


Полициски службеници на СВР Тетово денеска (23 јуни) од 12 до 18 часот, спроведоа контролни активности во чие средиште беа прекршоците што ги чинат мотоциклисти, а во рамките на кои се откриени и законски санкционирани вкупно 67 прекршоци (ТЕ-47 и ГВ-20). Најголемиот број од прекршоците (45) се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем (ТЕ-32 и ГВ-13) и на управување без возачка дозвола ( ТЕ-8 и ГВ-4). При контролата, исто така, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-2). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, додека оние без возачки дозволи веднаш се исклучени од сообраќај.

Ваквите контроли засилено ќе продолжат и во наредниот период. СВР Тетово апелира до мотоциклистите задолжително да ја користат пропишаната заштитна опрема, со напомена дека паричната глоба за некористење кациги изнесува 50 евра во денарска противредност.

Се апелира, исто така, да не се управува мотоцикл без положен возачки испит и валидна дозвола, а законски предвидената глоба за овој прекршок изнесува 250 евра и исто толку за сопствениците на мотоциклите кои им ги дале на управување, иако знаеле дека немаат дозволи.