23 јуни 2022

43 санкции за мотоциклисти на подрачје на СВР Куманово


Денеска 23.06.2022, во периодот од 12 до 18 часот, полициски службеници на СВР Куманово спроведоа акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 43 прекршоци. Најголемиот број од прекршоците (33) се однесувале на некористење на заштитна кацига и на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа- 6.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.