23 јуни 2022

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години


Денеска 23.06.2022 полициски службеници од Отсекот за потрага по цел во Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка ,по претходно превземени оперативно-тактички мерки, во атарот на с.Патишка Река-Скопје, го приведоа С. Д. (35) од Скопје.Приведувањето е направено врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 396 ст.1 од КЗ на РСМ.Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено-поправна установа.