23 јуни 2022

Претрес во Неготино, пронајдени стебла канабис, приведено едно лице


На 22.06.2022 околу 12.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода В.С.(21) од с.Криволак, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 33 стебла канабис и една дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.