23 јуни 2022

Работна средба на министерот Спасовски со унгарскиот амбасадор, Ласло Иштван Дукс


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Ласло Иштван Дукс на кој му завршува работниот мандат во земјава.

На средбата министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Дукс за неговата поддршка и соработката на Амбасадата на Унгарија во Република Северна Македонија со Министерството за внатрешни работи и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Во оваа прилика министерот Спасовски му врачи плакета од МВР на амбасадорот Дукс во знак на благодарност за успешната соработка во процесот на модернизирање на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.