23 јуни 2022

Приведен прилепчанец баран со потерница


На 22.06.2022 во населба Тризла во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле М.Е.(27) од Прилеп. Тој бил баран по потерница за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Куманово. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната.