22 јуни 2022

Покана за медиуми

Почитувани,

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменик амбасадорот на СР Германија Ото Граф и постојаниот претставник на УНДП Армен Грегоријан, утре 23 јуни (четврток) на прес конференција ќе ги презентираат резултатите од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници“, кој во изминатите три години го спроведе Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за исклучително важен проект чија крајна цел е намалување на злоупотребата на мало и лесно оружје како една од најчестите причини за оружени инциденти во државата. За таа намена се креираа модерни дигитани алатки кои овозможуваат посеопфатен пристап во процесот на прибирање, споделување и анализа на информации во повеќе важни сегменти од полициското работење.

Настанот ќе се одржи на 23 јуни (четврток) со почеток во 11:00 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје.

Ги покануваме заинтересираните медиуми да го проследат настанот.