13 мај 2022

Приведен крадец во Велес, расчистени четири тешки кражби


На 12.05.2022 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д (42) од Велес. Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 09 и 10.05.2022 извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во три продажни објекти и детска градинка на подрачјето на Велес.
Лицето е задржано во Полициската станица во Велес, а дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.