12 мај 2022

Средба на заменик министерот Назим Буши со амбасадорката на Грузија, Н.Е Тамара Лилуашвили


Денеска, во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа работна средба помеѓу заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши и амбасадорката на Грузија, Н.Е. Тамара Лилуашвили.

На средбата од страна на двајцата соговорници беше изразено уверување и подготвеност за меѓусебна соработка во делот на безбедноста но и во повеќе области од заеднички интерес за нашите две пријателски земји. Заменик министерот Буши во оваа прилика истакна дека Министерството за внатрешни работи е подготвено да предложи нацрт текст како основа за започнување на преговори за склучување на билатерален Договор за полициска соработка помеѓу двете министерства за внатрешни работи што ќе претставува основ за интензивирање на соработката .