Полициските службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје како дел од Тимот за безбедност ја реализираа трибината во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ на тема „Препознавање и спречување на секој вид насилство, особено рано меѓуврсничко насилство - булинг". Во склоп на активностите на Тимот за безбедност на училиштето, беше одржана трибина на тема "Препознавање и спречување на секој вид насилство, особено меѓуврсничко насилство -булинг".
Во организацијата на настанот директно учествуваа учениците Ана Даневска, Моника Нановска и Исра Шабани, а дискусијата ја збогатија ученици од сите наставни години на ова средно медицинско училиште.