21 април 2022

(Фото) Приведен разбојник од Богданци, при претрес пронајдени одземените пари кои ќе бидат вратени на сопственикот

Денеска (21.04.2022) во 06.20 часот полициски службеници од Полициска канцеларија Богданци го лишиле од слобода А.Г.(49) од Богданци. Тој се сомничи дека во 00.35 часот во казино во Богданци со закана кон вработената одзел пари од касата.
При извршен претрес во неговиот дом врз основа на наредба од Основен суд Гевгелија биле пронајдени пари од извршеното дело во вкупен износ од 65.000 денари и други предмети поврзани со кривичното дело.
Лицето е приведено и задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија во текот на денешниот ден против него ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 238 став 1 од Кривичниот законик, по што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка