15 април 2016

Средба на Министерот Спасовски со Амбасадорот на Унгарија

Денеска министерот за внатрешни работи на Република Македонија г. Оливер Спасовски оствари работна средба со Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Др. Јожеф Бенце.
На средбата двајцата соговорници разговараа за претстојните избори за Претседател на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа - СЕЛЕК (SELEC – Southeast European Law Enforcement Center). Амбасадорот Бенце побара информации и за тековната политичка криза, којашто според Министерот Спасовски, наместо да се решава, дополнително се продлабочила со неодамнешната одлука на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов за општо помилување на сите политичари, одлука која предизвикала и огромно незадоволство меѓу граѓаните на Република Македонија.