14 јануари 2022

Обука за употреба на средство за присилно запирање на возила - Стингер


Во периодот 10 - 13.01.2022 во полицискиот центар во Ѓорче Петров во организација на Центарот за обука се спроведе обука за обучувачи за употреба на средство за присилно запирање на возила - Стингер со припадници на Одделот за специјални полициски операции (Единица за брзо распоредување и Специјална антитерористичка единица Тигар) .

Обучувачите кои успешно ја завршија обуката дополнително ќе ја спроведат обуката во единиците. Инаку, вакви средства веќе успешно се користат од други единици на Бирото за јавна безбедност.