09 јануари 2022
Расчистена кражба во Центар, украденото пронајдено
На 09.01.2022 во 04,40 часот на подрачјето на Центар од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.М.(31) од Скопје по извршување на кривично дело тешка кражба во објект. Со него бил извршен службен разговор и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосното документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.