Вести

08 декември 2021

205 санкционирани возачи во Чаир, Сингелиќ и Сарај


Денеска (08.12.2021), во периодот од 06.00 до 16.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, и тоа во oпштина Чаир, населба Сингелиќ и општина Сарај, при што се санкционирани 205 возачи.
Во периодот од 06.00 до 09.00 часот во општина Чаир санкционирани се вкупно 70 учесници во сообраќајот, од кои 12 управувале без возачка дозвола, 2 со измината важност на регистрација на возилото, 19 управување со брзина поголема од дозволеното....
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот во населба Сингелиќ санкционирани се вкупно 42 учесници, од кои 13 управувале возило без возачка дозвола, 4 со измината важност на регистрација на возилото...
Во времето од 12.00 до 16.00 часот во општина Сарај санкционирани се вкупно 93 учесници, од кои 17 управувале без возачка дозвола, 4 со измината важност на регистрација на возилото, 22 управувале возило со брзина поголема од дозволената...
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.