25 ноември 2021

Расчистена кражба, приведени две лица во Скопје

 На 24.11.2021 во 13.10 часот во Полициската станица Аеродром биле повикани И.И.(29) и С.А.(28), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 18.11.2021 одзеле повеќе предмети од објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје. Во службен разговор со полициски службеници тие го признале делото, а одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.