23 ноември 2021

Приведен крадец баран со потерница

На 22.11.2021 во 22.50 часот од Оперативен тим потраги на подрачјето на Кисела Вода бил лишен од слобода Н.Т.(30) од Скопје. Тој се барал со потерница од Основен кривичен суд - Скопје за издржување казна затвор во врска со чл.236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Н.Т. ќе биде спроведен во казнано-поправна установа за издржување на казната.