Вести

21 ноември 2021

50 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово


Денеска (21.11.2021) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Куманово спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 50 возачи. Од нив 29 на територија на Куманово, 12 на територија на Крива Паланка, а девет на територија на Кратово.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.