Вести

18 ноември 2021

162 санкционирани возачи во Скопје, 31 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 21 мерка за возење без возачка дозвола, три мерки за минување на возила на црвено светло, четири за некористење сигурносен појас, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, три за возење под дејство на алкохол, 41 мерка за непрописно паркирање, 15 за непрописно престигнување и обиколување, шест за нерегистрирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.