16 ноември 2021
Приведено лице од Скопје осомничено за повеќе кражби
На 15.11.2021 во 17.30 часот на ул.„Иван Аговски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Е.(37) од Скопје. За него бил распишана потерница од Полициската станица Гази Баба, поради сомнение дека сторил неколку кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
По целосно документирање и расчистување на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.