19 октомври 2021

Министерството за внатрешни работи стана членка на Асоцијацијата на Служби за обезбедување лица на 17. Конференција во Кашкаиш, Португалија


 Високи претставници од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, и тоа помошник министерот за ЕУ и меѓународна соработка Муамет Реџепи и началникот на Секторот во Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност Зоран Нешкоски, во периодот од 17 до 20 октомври 2021 година, учествуваат на 17. Конференција на Асоцијацијата на Служби за обезбедување лица во Кашкаиш, Португалија, чиј актуелен претседавач е Сојузна Република Германија.

Во текот на денешниот ден од Конференцијата, началникот Нешкоски одржа презентација за поставеноста, структурата, надлежностите, предизвиците и потребите за развој на Одделот за заштита на определени личности и објекти. Во рамки на оваа конференција, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, по едногласно одобрување од страна на присутните 38 земји, стана рамноправна членка во оваа Асоцијација.