15 октомври 2021

Средба на министерот Спасовски со Претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани


Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, се одржа средба меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија Патриција Ди Џовани.

Главниот фокус на средбата беше разгледување на аспектите од досегашната и идната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава, а една од темите беа тековните и претстојните активности во врска со Проектот финансиран од Канцеларијата на Европската Делегација и УНИЦЕФ „Правда за децата“, во функција на заштитата и унапредувањето на интересите на децата, за чија реализација беше изразено уверување и поддршка од страна на министерот Спасовски .
.