12 октомври 2021

Крводарителска акција во СВР Тетово

 

Денеска (12 октомври) во Секторот за внатрешни работи Тетово беше организирана втората крводарителска акција годинава. Во оваа акција вкупно беа собрани 19 единици крв или заедно со првата акција, вкупниот број на собрани единици изнесува 49, не сметајќи ги собраните единици во овој период на повик.

СВР Тетово години на ред активно партиципира во развојот и унапредувањето на крводарителството на тетовско-гостиварското подрачје со по околу 200 единици годишно од течноста која значи живот. До крајот на годинава планирана е уште една ваква акција, во која вработените во СВР Тетово ќе имаат можност да ја покажат и докажат нивната несебичност и хуманост.