28 септември 2021

127 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Тетово

 

Денеска (28.09.) во периодот од 13 до 19 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 127 возачи. Од нив, 33 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а девет возило со дури над 70 километри на час над дозволеното. 94 возачи се санкционирани на територија на Тетово, а 33 на територија на Гостивар.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.