28 септември 2021

Приведени дилери, запленет метадон


Денеска (28.09.2021) околу 12 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во скопската општина Чаир запреле патничко моторно возило „сеат толедо“ со штипски регистерски ознаки, управувано од А.П. (33) од Штип, а сопатник бил Д.П. (26) од Штип и при извршен преглед во возилото се пронајдени 30 шишиња метадон. Лицата се лишени од слобода, а по добиена судска наредба полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес во дом кај А.П. во Штип и при претресот се пронајдени шишиња со метадон, гасен пиштол и куршуми.

По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.