27 септември 2021

25 санкционирани возачи за затемнети стакла


Во периодот од 20.09.2021 до 26.09.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 25 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.