27 септември 2021

Приведен дилер за издржување казна затвор


Денеска (27.09.2021) околу 11.20 часот пред влезот во с.Глумово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле Б.Љ.(37) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.