27 септември 2021

Приведен крадец за издржување зaтворска казна од две години

Денеска (27.09.2021) околу 11.40 часот на ул.„Македонија“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана потерница од Основен суд Скопје 1, го лишиле од слобода А.Ф.(25) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.