13 септември 2021

64 санкции за непрописно престигнување на подрачјето на СВР Тетово


На 12.09.2021 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, биле санкционирани 64 возачи кои непрописно престигнувале (ТЕ-37 и ГВ-27).

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.