07 септември 2021

Изменет режим на сообраќај денеска во Скопје


Денеска со почеток од 18,00 часот најавен е протест пред Влада на РСМ. За таа цел од 18,00 часот до завршување на протестот затворен за сообраќај ќе биде бул."Илинден" на потег од бул."Гоце Делчев" до бул."Климент Охридски".

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.