Вести

07 август 2021

Приведени дилери во Гостивар, запленети 40 килограми дрога

 На 06.08.2021 околу 21.45 часот на улица „Илинденска", во близина на угостителски објект на излезот од Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Р.(38) од Република Албанија, Ш.И.(28) од с.Арачиново, скопско и Б.Т.(32) од Скопје. При преглед на патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во кое се превезувале трите лица, а што го управувал А.Р., во багажникот на возилото била пронајдена поголема количина марихуана. Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар.

Ноќеска (07.08.2021) во периодот од 02.45 до 04.00 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во стан во Гостивар, каде што престојувал А.Р.. При претресот биле пронајдени и одземени два патнички куфери со марихуана, торба со марихуана, една голема ќеса со марихуана, повеќе пакувања со марихуана, дигитална вага, електрична машина за пакување и вакумирање, во вкупна количина од околу 40 килограми марихуана.

По целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", согласно член 215 од Кривичниот законик.