Врз основа на член 71 и 72 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр. 42/14, 116/14, 33/15, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16, 21/18, 135/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19, 275/19 и 110/21), а во врска со Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.13/2015 и 203/2019), Министерството за внaтрешни работи објавува,
ЈАВЕН ОГЛАС
1. За прием на 39 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи на неопределено време, и тоа:
прием на 25 извршители (приправници – без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа на безбедноста, Правен факултет или Економски факултет и
прием на 14 извршители со завршено четиригодишно средно образование.
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
да е државјанин на Република Северна Македонија;
да е полнолетен;
активно да го користи македонскиот јазик;
да е здравствено и психофизички способен;
со правосилна пресуда да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност и
со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето.
3. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
основно познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност) и
познавање на работа со компјутери.
4. Право на поднесување на пријава имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат општите и посебните услови. Заинтересираните кандидати заедно со пријавата потребно е да ги достават доказите за исполнување на пропишаните услови во оригинал или копија заверена на нотар, и тоа:
диплома или уверение за завршен степен на образование;
извод од матична книга на родените;
доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и
кратка биографија (CV).
Кандидатите се должни во пријавата да ги наведат следните податоци:
име и презиме, единствен матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, припадност на заедницата, со задолжително наведен телефон за контакт;
последен степен на завршено образование (диплома за завршено средно образование и диплома или уверение за завршено високо образование) и
познавање на странски јазици.
Кон пријавата кандидатите може да ги наведат причините за аплицирање, очекувањата од работата или целите во кариерата, како и да приложат и други документи од нивен интерес.
Кандидатите за вработување потребно е помеѓу останатото да поседуваат одредени вештини и способности за работа во Министерството, меѓу кои одлични меѓучовечки вештини, учење и развој, комуникација, ориентираност кон странките, способност за тимска работа, организациски вештини, способност за работа под притисок и почитување на крајно утврдените рокови и професионално однесување и позитивен однос кон работата.
5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за селекција формирана од страна на министерот согласно одредбите од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ“бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16, 21/18, 135/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19, 275/19 и 110/21) и Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ“ бр.13/2015 и 203/2019) и истата се спроведува во следните фази:
административна селекција;
писмено тестирање (стручен тест);
психолошко тестирање;
интервју;
безбедносна проверка и
здравствени прегледи.
6. Селекцијата на кандидатите ќе се спроведува по пат на тестирање.
7. Министерството за внатрешни работи ќе врши безбедносна проверка на пријавените кандидати, врз основа на претходно дадена писмена согласност од страна на кандидатот. Доколку истиот ја одбие безбедносната проверка ќе се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.
8. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
9. Документот за докажување на државјанството на кандидатот го обезбедува Министерството за внатрешни работи по службена должност.
10. По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на неопределено време. По истекот на периодот за стручно оспособување кандидатите ќе бидат распоредени на соодветни работни места во Министерството за внатрешни работи.
11. Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:
Сектор за внатрешни работи Скопје:
Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
Сектор за внатрешни работи Битола;
Сектор за внатрешни работи Велес;
Сектор за внатрешни работи Куманово;
Сектор за внатрешни работи Тетово;
Сектор за внатрешни работи Охрид;
Сектор за внатрешни работи Струмица и
Сектор за внатрешни работи Штип.
12. Рокот за доставување на потребната документација изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
13. Некомплетната документација и ненавремената документација доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за внатрешни работи www.mvr.gov.mk, каде и ќе биде објавен јавниот оглас и од каде можат да ја симнат пријавата за вработување, како и да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.
Овде може да ја симнете ПРИЈАВАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ